Bedrudin Brlyavac
20 Декември 2019•Ажурирај: 23 Декември 2019
ОСЛО (АА) - Голем број компании во Норвешка пред претстојните празници на своите вработени им исплатија бонуси за Божиќ и Нова година, јавува Агенција Анадолија (AA).
Една од тие компании е и „Икеа“, која оваа година на своите вработени во Норвешка доста време пред празниците им исплати празнични бонуси од вредност од 40.000 круни или околу 4.000 евра.
Секој од вкупно 3.000 вработени во компанијата, без оглед на работната позиција, ќе добие по 4.000 евра бонус за Божиќ и Нова година.
„Секој работник кој во нашата компанија работи најмалку во текот на последните шест месеци, ќе добие бонус“, наведоа од оваа компанија, која за празничните бонуси ќе издвои околу 12 милиони евра.
Се наведува дека досега ова се најголеми бонуси за Божиќ и Нова година, кои ги исплатила оваа компанија во Норвешка.
„Кога постигнуваме добри резултати, тоа е првенствено благодарение на нашите вработени. Затоа сакаме да им се оддолжиме, а бонусите се добар начин да го направиме тоа“, порачаа од „Икеа“.
Од компанијата наведоа и дека финансиската година од септември 2018 до август 2019 година била многу добра и ефикасна за „Икеа“, со силен и стабилен раст.
Компанијата оствари значителен раст во однос на 2018 година, кога нејзината продажба опадна за првпат во 20 години, а плановите за изградба на четири нови постројки се одложени.