Zülfiya Yakup
27 Октомври 2017•Ажурирај: 28 Октомври 2017
ПРИЗРЕН (AA) - Во Призрен денеска е отворен 4. меѓународен бизнис форум на кој учествуваат 140 компании и околу 300 стопанственици од Косово, Македонија, Турција, Босна и Херцеговина (БиХ), Србија, Црна Гора, Бугарија, Италија, Норвешка и други држави, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата на отворањето присуствуваше министерот за трговија и индустрија Бајрам Хасани, министер за култур, млади и спорт Кујтим Гаши, министерот за иновации и претприемништво Бесим Беќај, потпретседателот на општината на Призрен Лулзим Кабаши, генералниот конзул на Турција во Призен Селен Евчит, косовските пратеници и претставници на косовските и меѓународните стопански комори.
Министерот за трговија и индустрија на Косово Хасани изрази уврување дека призренскиот бизнис форум ќе отвори нови патишта за економски развој на Косово преку поддршка на приватниот сектор.
„Владата на Косово, поточно МТИ, посветува посебно внимание на активностите поврзани со промоција на бизнис, зголемување на извозот, подобрување на бизнис климата, отворањето на работни места и вмрежување на претпријатија на регионално и меѓународно ниво", рече Хасани.
Тој вети и различни законски измени за да се заштити домашното производство.
Министерот за иновации и претприемништво Бесим Беќај соопшти дека министерството коешто тој го предводи ќе отвори фонд за иновации и неговата прва активност ќе биде токму на призренскиот бизнис форум.
Беќај наведе дека ова ново Министерство доби буџет преку 10 милиони евра, од кои, повеќе од 9 милиони се наменеи за приватен сектор. Тој порача дека вратите на Министерството се отворени за сите оние коишто сакаат да работат и да придонесат за стабилен економски развој на Косово.
Министерот за култура, млади и спорт Кујтим Гаши ја истакна важноста на ваквите собири за развојот на економијата, како и промоција на туризмот.
На Бизнис форумот учествуваат и околу 90 бизнисмени од Турциа. Заменик на претседателот на Трговската комора на Турција (ЕТО) Музафер Огуз во изјава за Anadolu Agency (AA) наведе дека претставниците на Трговската комора на Турција учествуваат четврта година по ред и нагласи дека учеството на турските бизнисмени е исклучително важно.
„Ни беше многу драго кога ги видов производите од нашата земја. Постои голема предност доколку соработката е двострана. Мораме повеќе да тргуваме", изјави Огуз.
Во рамките на Бизнис форумот ќе се одржат и меѓународби Б2Б средби. Форумот во Призрен ќе трае до недела, 29 октомври.