Bedrudin Brlyavac
28 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
МЕКСИКО СИТИ (AA) - Мексиканците покренаа бојкот на американските компании во знак на револт кон политиката на новиот претседател на САД Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Здружението на активисти за здрава храна во Мексико е прво коешто упати апел до граѓаните на бојкот на американските компании.
Преку Твитер ги повикаа Мексиканците да купуваат производи кои се произведени во Мексико и кои не се увезени.
Ги повикаа Мексиканците со својата куповна моќ да ги казнат компаниите кои ја поддржуваат политиката на новата американска администрација и кои се против Мексико.
Ги повикаа другите организации на бојкот на американските компании Старбакс, Кока-Кола, МекДоналдс и Волмарт.
Потсетуваме, претседателот на Мексико Енрике Пена Нието вчера го откажа состанокот со новиот американски претседател Доналд Трамп, кој беше закажан за 31. јануари.