економија

Инфлацијата во Германија на највисоко ниво во последните 30 години

Инфлацијата во декември е забележана со бројка од 5,3 отсто, што е највисоко ниво во земјата од 1992 година (5,8 отсто). Инфлацијата во земјата се зголеми за 0,5 отсто на месечно ниво.

Bahattin Gönültaş  | 19.01.2022 - Обновена : 26.01.2022
Инфлацијата во Германија на највисоко ниво во последните 30 години

БЕРЛИН (АА) - Годишната инфлација во Германија, која во ноември минатата година изнесуваше 5,2 отсто, во декември порасна на 5,3 отсто поради високите цени на енергијата и храната, достигнувајќи го највисокото ниво во последните 30 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Инфлацијата во просек изнесуваше 3,1 отсто на годишно ниво, што е највисоко ниво од 1993 година.

Германскиот сојузен завод за статистика (Дестатис) ги објави конечните декемвриски и годишни податоци за 2021 година за порастот на цените.

Инфлацијата во декември е забележана со бројка од 5,3 отсто, што е највисоко ниво во земјата од 1992 година (5,8 отсто). Инфлацијата во земјата се зголеми за 0,5 отсто на месечно ниво.

Цените на енергијата се зголемија за 18,3 отсто на годишно ниво, додека годишниот раст на цените на храната изнесуваше 6 отсто, а услугите 3,1 отсто.

Исто така, се наведува дека инфлацијата во Германија минатата година во просек изнесувала 3,1 отсто, што е значително над 2 отсто, колку што имаше за цел Европската централна банка (ЕЦБ) за целата еврозона.

Според конечните податоци на Дестатис, годишниот Индекс на потрошувачки цени (CPI) во Германија минатата година, во однос на 2020 година се зголеми за 2,6 поени на просечни 3,1 отсто. Ова е забележано како највисока годишна инфлација од 1993 година (4,5 отсто).

Пред избивањето на Ковид-19, инфлацијата беше 1,4 отсто во 2019 година и 0,5 отсто во 2020 година, првата година од пандемијата.

Ако се изземат цените на енергијата, годишната инфлација во Германија изнесуваше 2,3 отсто во 2021 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın