Gökhan Ergöçün
13 Декември 2022•Ажурирај: 15 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Годишната инфлација во Германија благо се намали во ноември на 10 отсто, што е намалување од 10,4 отсто во октомври, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Високата инфлација успори благодарение на благиот пад на цените на енергијата“, изјави Георг Тиел, шеф на Федералниот завод за статистика (Дестатис).
„Гледаме се поголеми поскапувања и на другите стоки, покрај енергетските производи. Она што стана особено забележливо за домаќинствата е континуираниот пораст на цените на храната“, додаде Тиел.
Месечната инфлација во Германија во ноември беше на минус 0,5 отсто.