економија

Делегацијата на МАТТО се состана со турскиот претседател Ердоган

На средбата е разговарано за тоа членовите на МАТТО да бидат најмалку погодени од ситуацијата и најефективно да ги искористат некои можности кои ќе произлегуваат од постојаната глобална криза, на регионално ниво, пред сѐ во Северна Македонија

Furkan Abdula  | 27.08.2020 - Обновена : 27.08.2020
Делегацијата на МАТТО се состана со турскиот претседател Ердоган ( Фото: МАТТО )

СКОПЈЕ

Делегацијата на Стопанската комора Македонија - Турција (МАТТО), во рамки на посетата на Турција, оствари средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што соопшти МАТТО, нивната делегација составена од претседателот на комората Ајдован Адемоски и потпретседателот Есер Џевахир, во Турција се состана со турскиот претседател Ердоган и претседателот на ТБММ, Шентоп, при што разговараа за состојбата на трговските односи меѓу Северна Македонија и Турција.

На средбата е разговарано за тоа членовите на МАТТО да бидат најмалку погодени од ситуацијата и најефективно да ги искористат некои можности кои ќе произлегуваат од постојаната глобална криза, на регионално ниво, пред сѐ во Северна Македонија.

„На состанокот исто така се разменети мислења за тоа фирмите кои се членки на МАТТО преку соработката меѓу двете земји да се шират кон трети земји каде што Турција има силно економско лоби. Од друга страна, разговарано е и за моделите преку кои ќе се зголеми соработката не фирмите членки на МАТТО со фирмите од другите земји кои планираат да инвестираат во Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

Според ова соопштние, разговарано е за тоа турските фирми кои се искусни во своја област да соработуваат со членките на МАТТО со цел секторите кои се фокусирани во технологијата кои излегоа на преден план во процесот на пандемијата, да бидат присутни во пазарот на Северна Македонија, и со тоа да се донесат иновативни и проспективни работни модели во земјата.

Се истакнува дека страните се осврнаа и на поддржување на спречувањето на одливот на „младите мозоци“ преку зголемување на вработувањето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.