Gökhan Ergöçün
21 Март 2021•Ажурирај: 22 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Централната банка на Република Турција ќе продолжи ефикасно да ги користи механизмите на монетарната политика за да постигне траен пад на инфлацијата, изјави денес новиот гувернер на оваа институција, Шахап Кавџиоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Падот на инфлацијата ќе ја поттикне макроекономската стабилност преку падот на премијата за ризик на земјата и трајно подобрување на трошоците за финансирање и ќе придонесе за развој на условите потребни за јакнење на инвестициите, производството, извозот и вработувањата“, рече Кавџиоглу.
Кавџиоглу, инаку поранешен парламентарец, беше назначен на челото на Централната банка на Република Турција по вчерашното разрешување на Наџи Агбал.
Новиот челник на Централната банка истакна дека состаноците на Одборот за монетарна политика ќе се одвиваат како што е претходно закажано.