Dzihat Aliju
01 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Денеска во Скопје започна 6. Светски самит на донерот, којшто ги обедини произведувачите од различни земји од светот со инвеститорите на Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
На самитот што се одржува во Скопје, присуствуваа министерот за економија Дритон Кучи, турскиот амбасадор во Скопје, Омур Шолендил, претседателот на Стопанската комора на Македонија -Турција (МАТТО) Туна Ејуп Кахвеџи, како и претставници на турските институции во земјата и бизнизмени.
Министерот во своето обраќање го изрази задоволството што Македонија, односно Скопје, е избрано од Меѓународното здружение на донерот да биде домаќин на оваа дводневна регионална средба, имајќи ги предвид гастрономските традиции на двете земји, плодната економска соработка со Турција и традиционалните односи меѓу двете земји.
Истакнувајќи дека овој самит претставува добра можност за домашните инвеститори, за отворање на нови бизниси и заеднички инвестиции во Македонија и регионот, министерот додаде: „Добро е плодната соработка којашто ја имаме во многу области да продолжи и во оваа област, и се надеваме дека квалитетот на донерот од Бурса да ни дојде и во Македонија“.
Турскиот амбасадор Шолендил, потенцирајќи дека турската кујна е една од најбогатите и највкусните во светот рече дека овој сектор не само во Турција, туку и во целиот свет стана бренд и дека ги отворил вратите за нови инвестиции.
Претседателот на Организацискиот комитет, Ирфан Cојлер, рече дека храната е најголемиот промотор на еден народ или култура во друга држава.
Потенцирајќи дека донерот се продава на 250 илјади различни точки во светот тој рече дека секој ден се продаваaт околу 500 илјади порции со донер.
Претседателот на МАТТО - Кахвеџи го изрази своето задоволство за дадената поддршка за организација на овој настан, надевајќи се дека по самитот Македонија ќе стане центар на регионот за правење донер.
6. Светски самит на донерот ќе се одржи во Скопје меѓу 1-2 октомври.