Gökhan Ergöçün
24 Јули 2024•Ажурирај: 29 Јули 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Денес во Истанбул започна бизнис-самитот Туркије-Судан и логистичко економско инвестициско ЕКСПО во Истанбул, кој ги собра официјалните и деловните кругови на двете земји, јавува Анадолу.
Ехлам Махди Сабил, суданска министерка за инвестиции и меѓународна соработка, рече дека Судан ги чека турските инвеститори да инвестираат во земјата.
„Го поздравуваме секој инвеститор што доаѓа од Туркије за да придонесе во развојот на Судан, знаеме дека многу компании од Туркије работат во Судан и обезбедивме секаков вид инвестициско опкружување“, истакна таа.
Министерката Сабил продолжи со зборовите:
„Тука сме заедно со инвеститорите од двете земји. Наша цел е да ги развиеме трговските и инвестициските односи. Тука сме да ги надминеме постојните пречки меѓу Туркије и Судан и да изнајдеме решенија.“
Озѓур Волкан Агар, турскиот заменик-министер за трговија, исто така, рече дека билатералните односи меѓу двете земји ќе се подобрат благодарение на секторската соработка како дел од настанот.
Тој истакна дека Туркије е свесна дека учеството на меѓународни саеми, трговски делегации, билатерални договори и други промотивни активности се важни од аспект на зголемување на комерцијалната и економската соработка меѓу двете земји за отворање нови пазари и истовремено зајакнување на позицијата на постоечките пазари.
Зборувајќи за африканскиот континент, на кој Туркије му придава посебно значење, заменик-министер Агар истакна:
„Судан стана еден од пазарите во подем во Африка со своите богати ресурси и стратегиска позиција со неговиот извонреден напредок на социјалните, економските и политичките полиња.“
Изјавувајќи дека Туркије е многу задоволна од големата трансформација низ која поминува Судан, Агар рече: „Судан, со кој отсекогаш сме биле во блиски односи и со кој нашата нација дејствува со братска поврзаност, во извесна смисла, за нашата земја функционира како порта кон срцето на Африка од комерцијален и економски аспект.“
„Би сакал да кажам дека со зголемената улога во меѓународната трговија, Судан станува поатрактивен трговски партнер за извозот на нашата земја со неговата регионална соработка и економски потенцијал.“