Eda Fatma Topçu
26 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул денес во присуство на министерот за надворешна трговија и еконмски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љаиќ, отворено е заедничкото стопанско претставништво на Босна и Херцеговина и Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставништвото со пресекување на лентата свечено го отвори министерот за економија на Турција, Нихат Зејбекчи, а на отворањето присуствуваше и претседателот на Здружението на извозници на Турција (ТИМ), Мехмет Бујукекси.
Зејбекчи на БиХ и Србија им посака среќа, а на министрите Љаиќ и Шаровиќ им ги предаде клучевите на претставништвото.
Во Истанбул денес е одржан Вториот трилатерален деловен форум на БиХ, Србија и Турција, организиран од Одборот за меѓународни економски односи на Турција (DEİK), со партнерите од Надворешно трговинската комора на БиХ (VTK BiH) и Стопанската комора на Србија (PKS).
Министрите Љаиќ и Шаровиќ за време на заедничкото обраќање на медиумите со турскиот министер Зејбекчи, претходно денес, изјавија дека отворањето на претставништвата на двете земји во Турција значајно ќе ја унапреди трговинската размена и ќе го зголеми нејзиниот обем и дека ќе придонесе на зголемувањето на вкупниот туристички промет
Освен официјалните лица од трите земји, на деловниот форум во Истанбул присуствуваа и околу 150 бизнисмени од Турција, БиХ и Србија. Првиот Трилатерален деловен форум одржан е во Сараево во октомври 2015 година.