економија, Коронавирус

Бритиш ерлајнс планира да им даде отказ на 12.000 вработени

Шпанската групација „IAG“ која е сопственик на „Бритиш ерлајнс“ соопшти дека планира од „Бритиш ерлајнс“ да бидат отпуштени 12.000 вработени.

Gökhan Kurtaran  | 28.04.2020 - Обновена : 29.04.2020
Бритиш ерлајнс планира да им даде отказ на 12.000 вработени

ЛОНДОН

Бритнската авиокомпанија „Бритиш ерлајнс“ планира од работа да отпушти 12.000 вработени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на шпанската групација „IAG“ која е сопственик на „Бритиш ерлајнс“ се вели дека во рамките на новото реструктуирање што ќе се спроведе во компаниите од групацијата, се планира од Бритиш ерлајнс да бидат отпуштени 12.000 вработени.

Во соопштението се вели дека додека минатата година групацијата „IAG“ имала оперативен профит од 123 милиони евра, додека во првиот квартал од оваа година има загуба од 535 милиони евра.

Покрај тоа се вели дека пандемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) негативно влијаела врз побарувачката за патувања, додавајќи дека за да се вратат на нивото од 2019 година ќе бидат потребни неколку години.

„Бритиш ерлајнс“ која има приближно 45.000 вработени, претходно искористувајќи ја програмата за поддршка на плати на британската влада, на принуден одмор испрати 22.626 вработени.

Во составот на групацијата „IAG“, покрај „Бритиш ерлајнс“ се наоѓаат и други авикомпании како што се „Иберија“, „Еар Лингас“, „Еар Лингас Риџинал“, „Ибериа Риџинал“, „Иберија Експрес“, „БА Сити Флаер“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.