Kristina Maslareviç
01 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
БЕЛГРАД (AA) - Делегација на Големото народно собрание на Република Турција, предводена од Омер Сердар, денес во Белград се состана со потпретседателот на Народното собрание на Србија Владимир Маринковиќ, јавува Anadolu Agency (АА).
По состанокот одржан во Собранието на Србија, делегацијата во Палатата на Србија имаше состанок и со потпретседателот на Владата на Србија и министерот за туризам, трговија и телекомуникации Расим Љајиќ. На состаноците присуствуваше и новиот амбасадор на Турција во Белград Тању Билгич.
Делегацијата на Големото Народно собрание на Турција од вчера се наоѓа во Белград каде зеде учество на 48. заседание на Генералното собрание на Црноморската економска соработка (ЦЕС), со што денеска го презеде претседавањето од Србија.
Во текот на вчерашниот ден, турската делегација, делегациите членки на ЦЕС ги потсети на настаните во ноќта од 15 јули кога во Турција терористичката организација ФЕТО се обиде да изврши воен удар.
Во прилика на затворање на седницата на ЦЕС, претседателката на Собранието на Србија Маја Гојковиќ денеска го предаде претседавањето на Турција, а во име на Големото собрание на Турција, претседавањето го прими Омер Сердар, наместо претседателот Исмаил Кахраман, кој поради здравствени причини беше спречен да присуствува на седницата во Белград.
Следната седница на Големото собрание на ЦЕС е закажана за период од 04-06 јули во Турција, а на неа ќе бидат разгледани темите за улогата на парламентот во јакнењето на законодавната рамка на економскиот раст и социјалната интеграција, улогата на парламентот во одржливиот систем на здравствена заштита како и развој на новите и одржливост на постоечките извори на енергија во државите члени на Организацијата на црноморската економска соработка.