Ayşenur Sağlam,Zeynep Beyza Kılıç
09 Јули 2024•Ажурирај: 10 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Агенција Анадолу продолжува да известува за глобалните настани со визија за „гласник на светот што се менува“, а сега на своите корисници им нуди верзија на Енергетскиот терминал на турски јазик, кој успешно се емитува на англиски веќе долго време, јавува Анадолу.
Поплочувајќи нов терен во енергетското новинарство, со овој проект АА сака навремено да ја информира јавноста за чекорите што ги презема Туркије во областа на енергетиката, која ја гледа како основа на глобалната и регионалната соработка.
Со расветлување на истакнати прашања од енергетската агенда со анализи, извештаи и интервјуа, Енергетскиот терминал е важен извор на вести и за инвеститорите и за пазарните експерти кои играат активна улога во правењето на Туркије да стане глобален енергетски центар, како и за сите читатели, кои го следат ова поле.
Нудејќи содржини под насловите „Електрична енергија“, „Природен гас“, „Нафта“, „Обновливи извори на енергија“, „Финансии“ и „Енергетска дипломатија“, Енергетскиот терминал сега им овозможува на читателите да ги следат случувањата во секторот на два јазика.
На Енергетскиот терминал, можете да следите ажурирани информации и графики со цените на нафтата, како и дневни, неделни и месечни прегледи на производството и потрошувачката на електрична енергија во реално време.
Тука се и најновите податоци за стоката како златото, среброто, бакарот и јавно тргуваните компании, како и цените на електричната енергија и природниот гас утврдени од турската енергетска берза ЕПИАС.
До Енергетскиот терминал може да се пристапи на веб-страницата https://www.aa.com.tr/tr/enerjiterminali.
Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Анадолу, Сердар Караѓоз, рече дека најновите случувања во секторот ќе се пренесуваат на турски и англиски јазик преку Енергетскиот терминал.
„Обезбедуваме ресурс кој ќе ни овозможи да бидеме чекор понапред во разбирањето и толкувањето на динамиката во секторот“, рече Караѓоз.
Караѓоз изрази задоволство и гордост што Анадолу претставува уште една иновација во овој сектор.
„Енергетскиот терминал е дизајниран со цел да биде платформа која моментално ги следи најновите технологии и иновации во секторот и нуди детални анализи, како и да биде незаменлив ресурс за релевантните актери. Преку турската верзија на Енергетскиот терминал, можете да останете во тек со актуелните случувања на енергетскиот пазар во светот“, рече Караѓоз.
Караѓоз истакна дека улогата на Туркије во енергетскиот сектор добива на значење на домашниот и меѓународниот пазар во светлината на нејзините значајни достигнувања во последните неколку години, особено во областа на природниот гас, нафтата, обновливите извори и нуклеарната енергија.
„Важно е внимателно да се следат случувањата во таков стратешки сектор и брзо и сигурно да се пренесе до јавноста“, заклучи Караѓоз.