Dilara Zengin Okay
04 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот технолошки гигант „Епл“ стана „првата компанија чија вредност на берзата надмина 3 трилиони долари“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вредноста на акциите на „Епл“, чии акции се зголемија повеќе од 3 пати од 2020 година, кога започна епидемијата на Ковид-19, од понеделник порасна за околу 3 отсто.
На првиот трговски ден од оваа година, цената на акциите на компанијата се искачија на 182,88 долари.
Пазарната капитализација на компанијата достигна 3 трилиони долари во текот на денот.
Со тоа, „Епл“ стана „првата компанија чија пазарна вредност надмина 3 трилиони долари“.
Следуваат „Мајкрософт“ со пазарна капитализација од 2,5 трилиони долари и „Алфабет“, со пазарна вредност од 1,9 трилиони долари.
Пазарната вредност на „Епл“ за првпат достигна 1 трилион долари на 2 август 2018 година, додека вредноста од 2 трилиони долари ја достигна на 19 август 2020 година.