Furkan Abdula
21 Декември 2022•Ажурирај: 24 Декември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Големото национално собрание на Туркије, Мустафа Шентоп, е гостин на програмата организирана во Скопје по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик, што е дел од неговата посета на Северна Македонија, известува Агенција Анадолија (АА).
На програмата организирана од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), покрај Шентоп и неговата делегација, гости на програмата се претседателот на парламентот на Северна Македонија Талат Џафери, министри и пратеници на Северна Македонија, претставници на Уставниот суд на Северна Македонија, амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на ТИКА Серкан Кајалар, претставници на турските институции и организации во земјата, политичари и други гости.
Шентоп во својот говор во свое име и во име на турските граѓани и на претседателот Реџеп Таип Ердоган, на Турците во Северна Македонија им го честиташе празникот 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик.
„Срцето на секој турски граѓанин, особено на нашиот претседател, чука со овие територии, со вас“, рече Шентоп.
„Како Туркије придаваме особено значење на зајакнувањето на турското образование во Северна Македонија. Верувам дека одржувањето на турскиот јазик во Северна Македонија ќе послужи за зајакнување на единството и мирот на овие простори, за одржување на културното богатство на земјата и ќе послужи за издигање на моќта на оваа истакната земја на многу повисоко ниво.
Шентоп подвлече дека турскиот јазик, еден од јазиците што ја изградиле оваа географија и оваа богата култура, ќе продолжи да биде симбол на мирот, спокојството и единството во наредниот период како што е тоа со векови наназад и додаде:
„Покрај вредностите што ги споделуваме, вообичаени се и концепциите на нашите земји за цивилизацијата и нивното верување во иднина заснована на мир, стабилност и просперитет. Во таа смисла, за продолжување на турските образовни и културни активности, и за новите генерации да не го заборават турскиот јазик и да го користат, ние како Република Туркије, во соработка со нашата амбасада, поддржани од нашето Министерство за национално образование, фондацијата Маариф, ТИКА, институт „Јунус Емре“ и нашето Претседателство за Туркије во странство, секогаш сме подготвени да направиме сѐ што е потребно за единството на нашиот народ и опстанокот на нашиот јазик на соодветен и достоен начин.“