Abdula Berisha
15 Ноември 2021•Ажурирај: 16 Ноември 2021
СКОПЈЕ
Во главниот град на Северна Македонија се одржа финалната конференција на групата за воена интеграција на Република Северна Македонија во НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
На конференцијата учествуваше и министерката за Одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска, која имаше воведно обраќање пред претставниците на работната група за интеграција.
Во изјава за медиумите, министерката Шекеринска изјави дека со последната интегративна конференција помеѓу Северна Македонија и НАТО алијансата и со формалното потпишување на декларацијата, настан што е предвиден за утре, ќе се констатира дека земјата во целост ги исполни условите и е целосно воено интегрирана со НАТО.
„Со ова покажавме дека членството во НАТО не го сметавме како завршен чекор, туку бевме свесни дека треба да работиме за да станеме навистина еднакви со сите“, рече Шекеринска.
Таа додаде дека со ова ќе се комплетира воената интеграција на Северна Македонија во НАТО алијансата. Шекеринска истакна дека ова се должи на големата активност и труд на луѓето во армиската структура, кои со своите колеги од НАТО реализира 193 задачи од интегративниот план.