Admir Fazlagic
18 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу по заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање за настанатата дипломатска криза помеѓу Катар и некои земји од Заливот, изјави дека оваа криза треба да се реши заеднички и да се направат потребните чекори со цел надминување на истата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Чувствуваме голема жал за кризата. Заедништвото и соработката со земјите од Заливот е навистина важна за регионот, но и за нас. Ние имаме братски односи со земјите од Заливот. Треба да постапуваме заедно", рече Чавушоглу.
Чавуошглу потсети дека и претходно кажале дека Турција не се согласува со обвинувањата против Катар, дека тој го поддржува тероризмот.
„Впрочем, постои едно тврдење, едно обвинување. Спротивната страна ова го негира. Едонставно е решението. Некои обвинувања како поддршка за теороризмот не ги споделуваме. Потребно е да се видат деталите, документите, да се седне и да се разговара. Сите заедно да разговараме и да ги направиме потребните чекори во мир, слога и со разбирање. Со ембарга и забрани, не се решаваат проблемите. Во тој контекст, треба да се седне и да се преговара и да се решат прашањата. Овие мерки кои се насочени кон луѓето не се правилни и ние не ги прифаќаме. Потребно е да се направат мерки за доверба. Имавме прилика да го сослушаме и Кувајт кој беше посредник, Катар и Арабија. Ги пренесовме нашите размилсувања и препораки. Нашиот претседател ги пренесе пораките од турскиот народ", рече Чавушоглу.
Турскиот министер додаде дека Турција претседава со Организација за исламска соработка и дека се познати напорите кои на меѓународната арена ги прави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Секој ги гледа напорите на нашиот пртседател на меѓународната арена. Дури и Саудиска Арабија и Катар ни рекоа дека ни се благодарни за тоа. Ние исто така и понатаму ќе продолжиме со искрени напори да се реши тој проблем. Го молам Господ да постигнеме резултати. Ние се соочуваме со една криза која не ја очекувавме и многу жалиме поради тоа. Ќе бидеме среќни доколку се реши оваа криза“, истакна Чавушоглу.
Запрашан за борбата со тероризмот која ја води Република Турција, шефот на турската дипломатија рече дека тероризмот претставува заеднички непријател на државите и не постои држава која може да биде изземена од опасноста од тероризмот, поради што е потребно заедничко делување.