Балкан

Чавушоглу: „Одредени земји вршат притисок врз Северна Македонија да ја заштити ФЕТО“

„Денес, лице непријател на (Северна) Македонија или кој е против (Северна) Македонија не може да биде сместен во Турција. Турција така размислува...“

Furkan Abdula  | 16.07.2019 - Обновена : 16.07.2019
Чавушоглу: „Одредени земји вршат притисок врз Северна Македонија да ја заштити ФЕТО“ Фото: Furkan Abdula/AA

СКОПЈЕ (АA) - Министерот за надворешни работи Турција, Мевлут Чавушоглу, истакнувајќи дека пред три години на 15 јули, терористичката организација ФЕТО, сакаше да изврши удар на државата, народот, демократијата и волјата на народот рече: „Под лидерството на почитуваниот претседател Реџеп Таип Ердоган нашиот народ изврши удар на обидот за пуч и без двоумење со повикот на претседателот излегоа на мостовите во Истанбул, плоштадите во сите 81 општина во Турција“, јавува Anadolu Agency (AA).

Под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје, со поддршка на ТИКА, Институтот „Јунус Емре“, Агенцијата Анадолија, Фондацијата „Маариф“ и Меѓународниот балкански универзитет во Скопје (İBU) по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство, во Скопје се одржа панел дискусија.

На панел дискусијата присуствуваа министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и неговата делегација, министерот за странски инвестиции на Северна Македонија, Елвин Хасан, амбасадорката на Турција во Северна Македонија, Тулин Еркал Кара, претседателот на Управниот одбор (УО) на Меѓународниот балкански универзитет Ајдован Адемовски, политичари, пратеници, високи преставници од двете земји, дипломати и голем број на граѓани.

Церемонијата започна со едноминутно молчење во чест на загинатите во обидот за пуч на 15 јули, и со интонирање на химните на двете земји, Турција и Северна Македонија. Потоа беше прикажано видео за настаните на 15 јули.

Покрај тоа, беше прочитана и пораката на претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп.

Министерот за надворешни работи на Турција, Чавушоглу, во својот говор, пренесувајќи ги поздравите на претседателот Реџеп Таип Ердоган го изрази задоволството што се наоѓа во пријателската Северна Македонија, по долго време.

„Задоволен сум што турската заедница во Северна Македонија е обединета. Ова е сликата која секогаш сакаме да ја видиме“, нагласи Чавушоглу.

Тој, истакнувајќи дека пред три години на 15 јули, терористичката организација ФЕТО сакаше да изврши удар на државата, народот, демократијата и волјата на народот рече: „Под лидерството на почитуваниот претседател Реџеп Таип Ердоган нашиот народ му нанесе удар на обидот за пуч и без двоумење со повикот на претседателот излезе на мостовите во Истанбул, плоштадите во сите 81 општина во Турција.“

Чавушоглу истакнувајќи дека турскиот народ, ден и ноќ, 29 дена чуваше стража низ целата земја нагласи: „По предавничкиот обид за пуч на 15 јули не чувавме само стража, туку презедовме чекори што се неопходни за борба против оваа предавничка терористичка организација во рамките на законите. И внатре и надвор.“

Пред три години, ноќта на 15 јули народот на Турција не спиеше истакна Чавушоглу.

„Не само во Турција, нашите граѓани што живеат на сите страни на светот таа вечер беа на нозе. Но, ние тоа го знаеме, го видовме, го живеевме и го почувствувавме. И Турците во Северна Македонија таа вечер не спиеја. Турската заедница во Северна Македонија уште еднаш ја покажа посветеноста, солидарноста и поддршката кон Турција. Господ да ве благослови. Ви благодарам многу.“

Низ Турција и низ целиот свет, во турските институции, џамии и на различни места се одржуваа комеморации рече Чавушоглу и додаде: „Во суштина, ние планиравме да пристигнеме синоќа, кога дознавме дека ќе има комеморација сакавме да дојдеме порано. Сакавме да бидеме заедно со вас.“

„Во суштина, турската заедница во Северна Македонија ја гледаме како силна врска меѓу двете земји. Турската заедница е посветена на својата земја Северна Македонија. Секако неоспорни се врските со Турција. На секое поле покажаа дека се лојални граѓани на оваа земја. Ние сме горди на вашите достигнувања во политиката, економијата, бирократијата, правото и во секоја друга област“, нагласи Чавушоглу.

Тој истакнувајќи дека со години работат на унапредување на односите со пријателска Северна Македонија во сите области рече: „Досега за интеграција на Северна Македонија во меѓународниот систем најсилната поддршка ја има дадено Република Турција.“

„Кога никој не ја признаваше Македонија под уставното име, ја нарекуваа БЈРМ или нешто слично. Турција ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име. Тоа може да се види и во документите на НАТО. Денес Македонија постигна договор со Грција, го промени своето име. И тоа го почитуваме. Имаше гласање на Парламентот, ние тука не можеме да се мешаме. Како ќе одлучи (Северна) Македонија и македонскиот народ, ние како Турција и како турски народ тоа ќе го поддржиме. И понатаму ќе биде така“, нагласи Чавушоглу.

Чавушоглу истакна дека интеграцијата на Северна Македонија во меѓународниот систем не ја поддржуваат со празни зборови.

„За (Северна) Македонија да стане членка на НАТО, со години, без да ни се здосади, ја поддржавме на сите состаноци на министрите за надворешни работи, на сите состаноци на министрите за одбрана и на сите самити на НАТО. Велевме и велиме дека ‘името на Македонија веќе не треба да биде пречка за Македонија да биде членка на НАТО‘. (Северна) Македонија е сега во фаза на зачленување во НАТО. Се надевам дека за кратко време на самитот во Велика Британија кон крајот на оваа година (Северна) Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО. Дојдовме со добра вест. Пред два дена Народното собрание на Турција ја ратификуваше спогодбата за членството на (Северна) Македонија. Нека е за добро.“

Оваа предавничка терористичка мрежа ФЕТО не е вгнездена само во Турција туку има активности во повеќе од 160 земји, рече Чавушоглу и додаде: „Како се најдоа во повеќе од 160 земји? Кој стои зад нив? Денес, кој ја поддржува оваа терористичка организација, оваа мрежа? Ние тоа го знаеме, го гледаме. Пред да ги преземаме училиштата, тие се префрлуваат на фирми од други земји. Денес која држава ја поддржува ФЕТО, може да се види од државата на фирмата која ги презема. Многу добро знаеме како разузнавачките организации го користат ФЕТО, и го гледаме тоа.“

„Турција со сите институции, и внатре и надвор, се бори против ФЕТО“, рече Чавушоглу, нагласувајќи дека многу земји во светот почнаа ФЕТО да ја гледаат како терористичка организација и дека ги затвораат училиштата или ги префрлуваат на турската фондација „Маариф“.

„Денес, некои земји и разузнавачките служби ја видоа опасноста на ФЕТО, и како може таа да се користи. За жал, за некои земји тоа веќе е доцна. Ако сака ФЕТО, денес, во некои земји во Централна Азија, вклучувајќи и некои земји во светот може да направи пуч и тие земји ништо не ќе можат да направат, рацете им се врзани. Околу претседателот ФЕТО, во Министерството за внатрешни работи ФЕТО, во Министерството за надворешни работи ФЕТО, во армијата ФЕТО. Исто така, и во дипломатијата ФЕТО. Ги има секаде. Тие секогаш ги земаат паметните деца во училиштата и децата на лидерите на таа земја. На некои им даваат стипендии. Затоа што децата на лидерите имаат поголема шанса да дојдат до високи функции во државата, исто како што направија во Турција.“

Истакнувајќи дека и во пријателска Северна Македонија терористичката организација и дека е земја во која се зајакнува Чавушоглу рече: „Ова треба да го прифатиме. И нашите пријатели од (Северна) Македонија тоа го гледаат, и го прифаќаат. Би сакал ова да го кажам јасно, одредени земји вршат притисок врз (Северна) Македонија да ја заштити и да ја поддржи ФЕТО. Поточно, не им ги затворај училиштата и не ги депортирај членовите на ФЕТО. Нашите македонски пријатели тоа го живеат, тоа ние го знаеме. Ако утре терористичката ФЕТО почне да и наштетува на оваа земја, тогаш тие држави што вршат притисок нема да и помогнат на Македонија. На (Северна) Македонија, како и секогаш, ќе и помогне турската заедница што живее овде и Турција. “

Чавушоглу истакнувајќи дека Турција ја подржала Северна Македонија и во најтешките денови и не ја оставила сама рече: „Денес, лице непријател на (Северна) Македонија или кој е против (Северна) Македонија не може да биде сместен во Турција. Турција така размислува. Но, и од нашите пријатели ние го очекуваме тоа. Претпоставувам дека тоа е наше право. Ова го зборуваме со нашите македонски пријатели многу искрено. Последен пат кога нашиот претседател се состана со претседателот на (Северна) Македонија во Босна и Херцеговина, го покрена ова прашање.“

Амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, истакна дека турската нација му покажа на светот дека единствено како моќ ја признава својата волја и дека ќе го положи и животот за заштита на државата.

„На 15 јули, нашата херојска нација му докажа на светот дека не признава друга моќ освен својата волја и дека нема да се двоуми да го изложи својот живот за да ја заштити државата и нејзината иднина.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.