Mustafa Talha Öztürk
07 Април 2023•Ажурирај: 08 Април 2023
БЕЛГРАД (АА) - Црногорскиот претседател во заминување Мило Ѓукановиќ поднесе оставка од функцијата претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС) по поразот на претседателските избори, јавува Анадолу.
„Донесов одлука да се повлечам од челото на партијата. Горд сум на моите 25 години како лидер на партијата“, рече Ѓукановиќ.
Тој истакна дека не е задоволен од изборните резултати.
Извршниот комитет на ДПС едногласно го избра Данијел Живковиќ за вршител на функцијата лидер на партијата.
Поранешниот црногорски министер за економски развој, Јаков Милатовиќ, победи во вториот круг од претседателските избори во земјата што се одржаа во неделата со освоени 58,9 отсто од гласовите, според прелиминарните резултати.
Триесет и шестгодишниот Милатовиќ го победи долгогодишниот актуелен претседател Ѓукановиќ, кој освои 41,1 отсто.
Мандатот на Ѓукановиќ истекува на 21 мај.
Парламентарните избори во Црна Гора се закажани за 11 јуни.