САРАЕВО (АА) - Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК на БиХ) утринава ги објави прелиминарните неофицијални и нецелосни резултати од локалните избори одржани вчера, јавува Анадолу.
На веб-страницата на Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина е наведено дека 91,35 отсто од избирачките места се обработени кога станува збор за гласањето за началници и градоначалници. Регистрирани се 93,47 отсто важечки ливчиња и 6,53 отсто неважечки. Кога станува збор за гласањето за советници во градските и општинските совети во Федерацијата БиХ и градските и општинските собранија во Република Српска и за Собранието на Округот Брчко, обработени се 83,33 отсто од избирачките места, а регистрирани се 94,60 отсто важечки ливчиња.
- Приедор -
Слободан Јавор од Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) освои 64,57 отсто од гласовите, а Маја Драгојевиќ Стојиќ од Српска демократска странка (СДС) за градоначалник на Приедор освои 35,43 отсто од гласовите според обработените 96,90 отсто од избирачките места.
Со повеќе од 96,90 отсто преброени избирачки места СНСД освои 29,19 отсто од гласовите за градското собрание на Приедор, а следен политички субјект е Обединета Српска со 9,48 отсто поддршка, додека зад нив е Социјалистичка партија на Српска (СПС) со 8,62 отсто од гласовите.
- Бјелина -
Според податоците од сите обработени избирачки места, кандидатот на СДС за градоначалник на Бјелина, Љубиша Петровиќ, освоил 48,93 отсто, а кандидатот на СНСД Микајло Лазиќ 39,54 отсто.
На локалните избори во Бјелина најмногу гласови освои советничката листа на СНСД со 21,39 отсто, според прелиминарните податоци на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина врз основа на обработени 98,91 отсто од избирачките места.
На второ место е СДС со освоени 17,68 отсто, а потоа ДЕМОС со освоени 10,45 отсто.
- Бања Лука -
Кога станува збор за гласовите за градоначалник на Бања Лука, обработени се 66,15 отсто од избирачките места. Драшко Станивуковиќ (Партија на демократски прогрес - ПДП) освои 49,47 отсто од вкупниот број гласови, а по него е Никола Шобот со освоени 35,8 отсто.
За градското собрание, според обработени 34,23 отсто од избирачките места, најмногу гласови освои СНСД (33,79 отсто), потоа ПДП (21,32), а Социјалистичка партија (5,86) е на трето место.
- Тузла -
Кандидатот за градоначалник на Тузла, Зијад Лугавиќ (Социјалдемократска партија - СДП), освои 75,67 отсто од гласовите според обработени 87,74 отсто од избирачките места, а по него е Зоран Благојевиќ (Странка за демократска акција - СДА) со 19,60 отсто од гласовите.
За градскиот совет на Тузла обработени се 52,90 отсто од избирачките места, при што од преброените гласови СДП има 26,16 отсто, СДА 17,91, а Демократски фронт - ДФ 8,64 отсто.
- Зеница -
Според обработените 89,51 отсто од избирачките места, во трката за градоначалник на Зеница води Фуад Касумовиќ (Иницијатива на Босна и Херцеговина - Фуад Касумовиќ) со освоени 45,52 отсто од гласовите, а Спахија Козлиќ (СДА) има 38,34 отсто.
За градскиот совет обработени се 71,33 избирачки места, а според преброените гласови води СДА со 31,78 отсто, Иницијативата Босна и Херцеговина - Фуад Касумовиќ има 30,89 отсто од гласовите, а трета е СДП со 8,32 отсто.
- Сараево -
Во Општина Нови Град Сараево обработени се 92,45 избирачки места, според кои функцијата градоначалник ја освои Семир Ефендиќ (СБиХ) со 74,22 отсто од гласовите, а Мирза Селимбеговиќ (Коалиција на Тројката) освои второ место со 25,78 проценти.
Во трката за советници во оваа општина, според 75,47 обработени избирачки места, во моментов води Партијата за БиХ со 30,68 отсто од гласовите, СДА е на второ место со 19,80 отсто, а на трето место е Народ и Правда (НиП) со 12,24 отсто.
Во Општина Центар, според 83,91 отсто од обработените избирачки места, началничката функција ја задржа Срѓан Мандиќ (НС) со 51,01 отсто од гласовите, а зад него е Денис Гратц (ДФ) со 27,39 отсто од гласовите.
За општинскиот совет по 70,11 отсто обработени избирачки места води Наша партија со 21,06 отсто од гласовите, СДП е на второ место со 19,18, а на трето СДА со 18,10 отсто.
Во Општина Стари Град Сараево, по 82,61 отсто обработени избирачки места, победи Ирфан Ченгиќ (СДП) со вкупно 64,37 отсто од гласовите, а втор е Џенан Селимбеговиќ (СДА) со 35,63 отсто.
За општинскиот совет на Стари Град по 73,91 отсто обработени бирачки места прв е СДП со 24,31 отсто од гласовите, второ СДА со 22,16, а трето НиП со 12,80 отсто.
Во Ново Сараево, функцијата градоначалник, по обработени 95,05 отсто избирачки места, ѝ припадна на Бенјамина Кариќ (СДП – НИП – НС) со освоени 42,23 отсто од гласовите, а Муамер Бандиќ (СБиХ) има 40,37 отсто.
За Советот, по обработени 87,13 отсто од избирачките места, во моментов води СДП со 18,19 отсто од гласовите, СДА е на второ место со 18,01 процент, а СБиХ е на трето место со 16,27 отсто.
- Требиње -
Според прелиминарните податоци на Централната изборна комисија на БиХ, врз основа на обработени 85,43 отсто од избирачките места, за градоначалникот на Требиње најмногу гласови, односно 53,77 отсто освоил Мирко Ќуриќ (СДНС), а Лазар Радан (За правда и ред) има 45,16 отсто.
За Собранието на Град Требиње обработени се 79,17 отсто од избирачките места, а во моментов СНСД има 41,31 отсто, За правда и ред 13,42 отсто, Обединета Српска, ДНС-Ненад Нешиќ има 8,28 отсто гласови.
news_share_descriptionsubscription_contact
