Ivana Ramadanova
22 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Стопанската кокмора на Македонија во соработка со Поли Плус - движење против хендикеп, денеска во Скопје се одржа Конференција насловена како „Центар за вработување лица со хендикеп“ како основа за поддршка на лицата со хендикеп, јавува Anadolu Agency (AA).
Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанска комора на Македонија истакна дека преку проектот Центар за вработување на лица со хендикеп, Стопанската комора заедно со Поли Плус оформи еден центар за вработување на лица со хендикеп кој што е лоциран во Стпанската комора и кој во изминатата година организираше активности кои што се во насока на овозможување лицата со хендикеп да бидат интегрирани во работните процеси во компаниите и да се овозможи размена на информации и дополнителни знаења, искуства и образование, како за лицата со хендикеп, така и за самите компании.
„Во рамките на овој проект преку центарот за вработување на лица со хендикеп, организиравме шест работилници за лицата со хендикеп, исто така осум обуки за компаниите со цел да бидат сеопфатно информирани за можностите за вработување на овие лица и нивното вклучување во работните процеси, а исто така беа овозможени девет практиканти од лицата со хендикеп да бидат вклучени директно на работа во самите компании", истакна Милевска Штрбевска.
Според Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, Агенцијата за вработување ќе продолжи да соработува со сите надлежни институции, невладини организации и здруженија со цел да овозможи лицата со попреченост да се вклучат на пазарот на труд преку нивно вклучување, активните мерки, пероекти за вработување, како и во искорисување на сите парични средства неповратни преку законот за вработување на инвалидни лица.
„Во 2017 година беа вработени 300 лица преку проекти и мерки, преку активните мерки од оперативен план и согласно законот за вработување на инвалидни лица и тоа 230 лица со користење на средстав од посебниот фонд и 70 лица преку проектите од активните мерки за вработување. Целта на Агенцијата за вработување е да продолжи со сите чинители во процесот на изнаоѓање начини и решенија на вклучување на лицата со попреченост во сите проекти, мерки, обуки и стекнување вештини, презентирање на активните мерки за вработување се со цел да се намали нивниот број на невработеност и истите да бидат вклучени во пазарот на труд", рече Јовановска.
Од Полио Плс велат дека компаниите од отворениот пазар на труд се клучен партнер на проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ и единствено преку интеграција на активните баратели на работа со хендикеп во овој пазар ќе можеме да зборуваме за еднакви можности и недискриминација во работата и работните процеси.
На конференцијата беше истакнато дека во Република Македонија, бројот на вработени лица со хендикеп е многу мал во однос на целата вработена популација.
Преку Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ ќе се гради мост помеѓу лицата со хендикеп и компаниите, со цел да се извлечат придобивки и за двете страни.