Almir Terzic
30 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јули 2017
САРАЕВО (АА) - Најновите податоци на Државниот завод за статистика на Хрватска покажуваат дека оваа земја минатата година останала без 36.456 жители, јавува Anadolu Agency (AA).
Мината година Хрватска имаше негативен прираст на населението, односно бројот на родени во земјата е за 14.005 помал од бројкот на починатите.
Во 2016 во Хрватска се регистрирани 51.542 починати лица, наспроти 37.537 родени.
Земјата лани ја напуштија 36.436 лица, отселувајќи се во странство, а во земјата се доселија 13.985 лица.
И во сегментот на иселување, Хрватска е во негатива за 22.451 жител.
Ништо подобра не е состојбата ниту во Босна и Херцеговина и во Србија.
Според последните објавени податоци на БиХ од 2015 година, се забележува дека и во Босна и Херцеговина има негативен природен прираст за 8.380 жители.
Во текот на 2015 година, во БиХ починале 38.150 жители, а истата година се родиле 29.770 жители.
Последните објавени податоци од 2015 година покажуваат дека природниот прираст во Србија е во многу поголема негатива. Природниот прираст во Србија е во негатива за 38.021 жител, бидејќи во оваа земја многу е поголем бројот на починатите отколку бројот на родените.
Статистичките показатели покажуваат дека во Србија починале 103.678, наспроти 65.657 новороденчиња.
Ниту БиХ, ниту Србија не се поштедени од заминување на десетици илјади жители во странство.