Vesna Besiç
07 Јули 2019•Ажурирај: 08 Јули 2019
САРАЕВО (АА) – Музејот на злосторства против човечноста и геноцидот во Сараево го посети денес група припадници на холандскиот батаљон на Обединетите нации (ОН) и воени ветерани и во таа пригода врачија видео-камера која ја користеле во 1994 година во Сребреница, јавува Anadolu Agency (AA).
Со камерата, како што рекоа, снимале луѓе и настани во Сребренца во 1994 година, но и себеси за да снимките им ги испраќаат на семејствата од кои во та време биле разделени поради мисијата која ја извршувале.
Камерата ја врачи еден од членовите на групата, Серж Јансен, кој и ја сочува видео-камерата. Тој секоја година го посетува Музејот со своето семејство и пријателите, а веќе донирал и вредни експонати како што се воена униформа и чизми во кои во првата половина во 1994 година прв пат дошол во Сребреница, фотографии, документи…
„Камерата која ја сочував ја сметам за дел од историја и дека можеби е најдобро да ја донесам во Музејот, бидејќи тука ќе има своја цел. Со камерата правев снимки во 1994 година. Камерата ја користевме секојдневно и го снимавме човечкото секојдневие во Сребреница. Некогаш ја користевме и да се снимаме себеси и снимките да им ги испраќаме на нашите семејства, но највеќе ги паметам разговоритекои ги снимив со децата”, раскажа Јансен.
Директорката на Музејот Суада Ножиќ изјави дека Јансен е првиот припадник на холандскиот батаљон кој на Музејот му донирал лични работи.
„Во униформата, која претходно ја донираше, прв пат влезе во Босна и Херцеговина и Сребреница. Јансен го запознавме преку нашиот пријател Осман Авдиќ, кој како дете го преживеал геноцидот во Сребреница”, појасни Ножиќ.
Со поранешните припадници на холандскиот батаљон бил и Осман Авдиќ.
„Се запознавме во 1994 година. Некако комунициравме на англиски јазик, кој не го знаев. Во нов контакт стапивме по 17-18 години. Почна да доаѓа во БиХ. И тогаш дојдовме на идеја да подариме некои работи на Музејот. И јас донирав оригинална фотографија од Сребреница, неколку видео-касети…”, појасни Авдиќ.
За важноста на донираните работи говореше и Јасмин Мешковиќ, еден од основачите на Музејот.
„Добро е што припадниците на мировните сили кои беа во БиХ, доаѓаат во оваа земја и раскажуваат за тоа што се случи во БиХ во период од 1992-1995 година. Денес се работи за предавање на камерата која холандските сили ја користеле во Сребреница во 1994 година. Се работи за камера која го снимаа животот во Сребреница и го испраќаа тоа на својата државна телевизија. Ова не е прв подарок, предмет кој Серж го донираше на Музејот” порача Мешковиќ.
Укажа и на важноста на Музејот, наведувајќи некои од проблемите со кои се сретнуваат.
„Да имаме уште два вакви музеи, ние би имале предмети за изложување. Ова што го гледате е само еден дел. Во депото имаме многу повеќе предмети, но никогаш приказната за злосторството против човечноста, геноцидот, за војната во БиХ нема да биде раскажана во вистинска смисла”, појасни Мешковиќ.
Поранешен припадник на холандскиот батаљон на Музејот на геноцидот му подари камера користена во '90-тите години во Сребреница.