Shpetim Hiseni
29 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
ПРИШТИНА
Устанвиот суд на Косово донесе одлука во полза на одлуката на претседателот на државата, Хашим Тачи, за именување на кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдула Хоти, за мандатар за формирање на новата Влада во земјата по предлогот за гласање за недоверба против Владата предводена од Движењето Самоопределување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Уставниот суд во својата пресуда наведе дека одлуката на претседателот од 30 април со која на Парламентот на Косово му предложи нов мандатар за формирање на владата не е во спротивност на Уставот, како што тврдеше движењето Самоопределување во своето барање.
Владата на Косово предводена од премиерот Албин Курти беше изгласана во Парламентот на Албанија со мнозинство на гласови на 3 февруари, а на 25 март падна владата, откако беше изгласан предлогот на ЛДК, инаку тогашен коалицонен партнер во Владата, за гласање недоверба на Владата предводена од Курти.
Движењето Самоопределување до Уставниот суд ја поднесе одлуката на Тачи тврдејќи дека е против уставен, додека Уставниот суд на 1 мај го суспендираше претседателскиот декрет се до конечната пресуда.
Движењето Самоопределување вели дека новата Влада треба да се формира преку нови избори.
Утавниот суд соопшти дека целосната пресуда ќе биде доставена до страните, ќе се обајви на интернет страницата на Уставниот суд и во наредните денови ќе се објави во Службен весник.