Besar Ademi
27 Април 2018•Ажурирај: 27 Април 2018
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, кој престојува во официјална посета на Македонија во рамките на средбата на лидерите на земјите-учеснички во процесот Брдо-Бриони, придружуван од висока делегација на Еврпскиот совет, беше пречекан во Владата со официјален пречек од претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, јавува Anadolu Agency (AA).
Туск и Заев започнаа со тет-а-тет средбата која беше затворена за медиумите, додека потоа, како што е предивдено, ќе се одржи билатерална средба меѓу делегациите на Македонија и Европскиот совет.
Претседателот на Европскиот совет, и премиерот Заев по меѓуделегациската средба ќе се обратат пред медиумите.
Туск престојува во работна посета на Македонија, каде ќе учествува како почесен гостин на состанокот на лидероте на земјите-учесници во процесот Брдо-Бриони, кој оваа година се одржува во Скопје.
Процесот Брдо-Бриено за прв пат се одржа во 2013 година со иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска.
Земјите-учесници во процесот Брдо-Бриони се Хрватска, Словенија, Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, како и Црна Гора, застапени од страна на претседателите на овие земји.
Брдо потекнува од Брдо кај Крањ, во Словенија, каде што се одржа првиот состанок на регионалните лидери, и Бриони во чест на ко-организаторот и парнер на формирање на оваа иницијатива, Хрватска. Целта на Процесот Брдо-Бриони е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.