Husamedin Gina
04 Јули 2019•Ажурирај: 06 Јули 2019
СКОПЈЕ (АА) - Институтот „Креативна Македонија“ организира тридневен базар на ракотворби под наслов „Esnaf-Street Market Bazaar“, на улица „Македонија“ во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Билјана Аврамовска од Институтот „Креативна Македонија“, во изјавата за медиумите даде информации за целта на базарот и за видовите ракотворби изложени на него.
Таа истакна дека целта на базарот е да се поттикнат граѓаните да купуваат производи од рачна изработка.

„Нашиот базар е организиран со цел ракотворците да ги изложат своите производи и да допрат до купувачите, да ја промовираат рачната изработка и едноставно да ги поттикнат луѓето да ги купуваат рачните изработки, а не сериски производи“, рече Аврамовска.
„На тридневниот базар ќе учествуваат 23 ракотворци“, додаде Аврамовска, додавајќи дека дел од нив припаѓаат на ранливата категорија луѓе, што му дава хумана димензија на базарот.

Според неа, ранливите категории кои учествуваат на базарот не плаќаат за учеството на базарот и целата добивка од продажбата ја земаат за себе.
На базарот, како што истакнаа од Институтот „Креативна Македонија“, изложени се филиграни од срма, производи од дрво, плетени производи, накит од епоксидна смола и слични други видови накит.
Базарот ќе биде отворен помеѓу 4 и 6 јули, од 12:00 до 20:00 часот.