Балкан, Коронавирус

Три лица починаа во Србија од последиците на заразеност со Ковид-19, 614 новозаразени

- На респиратори се наоѓаат 26 пациенти

Bojana Stojanovic  | 25.10.2020 - Обновена : 26.10.2020
Три лица починаа во Србија од последиците на заразеност со Ковид-19, 614 новозаразени

БЕЛГРАД

Во изминатите 24 часа во Србија животот го загубија 3 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, а коронавирусот е детектиран кај 614 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Досега во Србија се регистрирани вкупно 39.484 случаи на заразеност со Ковид-19.

Во последното деноноќие спроведени се 4.739 тестирања, од кои 614 биле позитивни на Ковид-19.

Во истиот период животот го загубија 3 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 792. Процентот на смртност во оваа земја изнесува 2%.

На респиратори се наоѓаат 26 пациенти.

Вкупниот број на тестирани лица за коронавирусот во Србија изнесува 1.283.016.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın