свет, Коронавирус

Бројот на случаи со коронавирусот во светот надмина 43 милиони

Со пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени САД, со над 8,8 милиони заразени, следуваат Индија со над 7,86 милиони, Бразил со 5,38 милиони, Русија со 1,5 милиони

Büşra Selvi Öğütcen, Mehmet Şah Yılmaz  | 25.10.2020 - Обновена : 26.10.2020
Бројот на случаи со коронавирусот во светот надмина 43 милиони

ЊУЈОРК (АА) - Бројот на случаи со коронавирусот во светот надмина 43 милиони, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, бројот на заразени во светот е зголемен на 43.002.322.

Со пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД), со над 8,8 милиони заразени.

Според бројот на заразени, по САД следуваат Индија со над 7,86 милиони, Бразил со 5,38 милиони, Русија со 1,5 милиони, Шпанија со 1,11 милиони заразени, Франција со 1,086 милиони, Аргентина со 1,081 милион, Колумбија 1,07 милиони, Мексико со 886.800 заразени, Перу со 886.214 и Велика Британија со 854.010 досега заразени.

Во светот досега од последиците на коронавирусот починаа 1.155.524 луѓе, над 31,7 милиони се излекувани, а бројот на активни случаи е над 10,1 милион.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın