Admir Fazlagic
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
СКОПЈЕ (АА) - Поради излетување на неколку вагони од пругата кај Куманово, железничкиот сообраќај меѓу Србија и Северна Македонија во моментот е во прекин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ова го соопшти Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија, по излетувањето на неколку вагони од пругата кај Куманово.
„Прекинот на сообраќајот ќе трае додека „Македонски железници“ не ги отстранат последиците од дефектот на пругата кој настана поради излегување на товарна композиција на територијата на таа земја“, се соопштува од Министерството.
Според првичните проценки, повторното воспоставување на товарниот железнички сообраќај меѓу двете земји се очекува за околу 10 дена.
Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија денес соопшти дека „на 02.07.2019 година во 01.50 часот било пријавено дека помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Романовце, во близина на патниот премин кај село Черкези, неколку вагони од товарен воз кој сообраќал на релација железничка станица Табановце- железничка станица Трубарево, управуван од Ј.М. од Скопје, излетале од пругата."
Повредени лица нема и била причинета само материјална штета. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.