Zülfiya Yakup
13 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој престојува во Вашинтон, САД, во име на Косово потпиша договор со американската агенција за програмата Милениумски предизвици (MЦЦ), пренесува Anadolu Agency (AA).
Тачи во таа пригода изјави дека дент на потпишувањето на договорот е голем ден за Косово во Вашингтон.
„Ние секогаш сме имале добри денови во Вашингтон, бидејќи Косово и САД имаат долго и силно пријателство, но денес е посебен ден, бидејќи додаваме уште еден пријател на долгата листа пријатели во овој град. Го потпишуваме овој договор со MЦЦ, и вртиме нов лист во односите, насочени на економскиот развој и владеењето на законот“, истакна Тачи.
Тој, како што е соопштено од претседателскиот кабинет, истакна дека овој договор е ново и мошне силно средство за поддршка на граѓаните на Косово и оти ќе му помогне на Косово во спроведувањето на проектите со МЦЦ.
„Ова ќе му помогне на Косово да основа фондација што ќе инвестира речиси 50 милиони долари многу фокусирано. Ова вложување ќе им помогне на Владата на Косово и на косовските фирми да се занимаваат со снабдувањето со електрична енергија, заштеда на енергија и јакнење на транспарентноста на Владата за граѓаните“, наведе Тачи.
Тој исто така истакна дека овој договор е овозможен само со голема помош на конгресменот Елиот Енџел и на останатите конгресмени.
„Им се заблагодаруваме на членовите на Конгресот и на Сенатот кои му помогнаа на Косово во овој процес. Исто така, им се заблагодаруваме на нашите тимови, со кои управуваа Сара Олмстад и Петрит Селими, кои вредно и брзо работеа за да ги создадат проектите и за да го доведат овој договор до овој ден“, додаде Тачи.
„Сега имаме нова Влада, но како претседател на Косово можам да потврдам дека проектите на MЦЦ ќе бидат поддржани од страна на сите политички партии и сите институции“, истакна тој.
„Цивилното општество на Косово и приватниот сектор на Косово исто така ќе бидат важни елементи за поддршка“, додава косовскиот претседател.
Исто така, тој изрази благодарност до поранешната претседателка на Косово, Атифете Јахјага и до поранешниот премиер Иса Мустафа, за нивната поддршка на MЦЦ.
Од друга страна в.д. извршниот директор на MЦЦ, Џонатан Неш, изјави дека им помага на владите некои од најсиромашните луѓе на светот да ги поврзат со работните места, пазарите и можностите.
„Владата на САД преку MЦЦ ќе работи со Владата на Косово за да се спроведат политички и институционални реформи коишто ја зголемуваат транспарентноста и го јакнат енергетскиот сектор на земјата“, изјави Неш.
Истовремено, конгресменот на САД, Елиот Енџел изјави дека Косово се движи по патот кон евро-атлантските интеграции и оти ова ново парнерство ќе помогне земјата да напредува кон оваа цел“.
Петрит Селими, национален координатор за Милениумските предизвици во Косово, истакна дека со потпишувањето на договорот „Трешхолд“ завршува процесот за развој на проектот, но истовремено тоа значи и почеток на нови можности за косовските инстиуции, цивилното општество и приватниот сектор да соработуваат на уредувањето на неколку ограничувања кои се најважни во правец на развој на Косово.
Програма на MЦЦ „Трешхолд“ е насочена кон критичните полиња за иднината на Косово и ќе ги забрза инвестициите на полето на енергетска ефикасност, а исто така ќе ги поддржи напорите за промовирање на ефективното и одговорно управување.