Ekipa
09 Март 2017•Ажурирај: 10 Март 2017
САРАЕВО (АА) - Меѓународниот суд за правда во Хаг го одби барањето на БиХ за ревизија на пресудата против Србија од 2007 година, потврдено е за Anadolu Agency (AA) од кабинетот на претседавачот со Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ во Бања Лука.
Судот ги разгледал мислењата на членовите на Претседателството на БиХ, кои ги изнесоа во своите писма.
Оценето е дека Судот смета оти содржината на овие писма покажува дека: „Надлежните тела немаат донесено никаква одлука, во име на БиХ како држава, во однос на барањата за ревизија на пресудата од 26 февруари 2007 година, во случај на примена на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството за геноцид“.
Оваа информација ја потврдија од кабинетот на членот на Претседателството на БиХ, Драган Човиќ. Тие ја потврдија автентичноста на писмото кое на членовите на Претседателството на БиХ беше упатено од Меѓународниот суд за правда во Хаг.
На јавноста попладнево од зградата на Претседателството на БиХ ќе има обраќање членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ.