Furkan Naci Top
30 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
АТИНА (АА) - За време на демонстрациите организирани во Грција поради мерките на штедење и економската политика на Владата, дојде до судир на демонстрантите и полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Штрајковите и демонстрациите имаат негативно влијание врз пружањето јавни услуги, а отежнато е и одвивањето на сообраќајот.
Синдикатите, Федерацијата на вработените во јавниот сектор на Грција (ADEDY), Конфедерацијата на работничките синдикати (GSEE) и Панхеленскиот работнички фронт (PAME) повикаа на организирање штрајкови, а во Атина и Солун се организирани демонстрации.
Во Атина дојде до судири и напнатост помеѓу демонстрантите и полицијата. Одлука за еднодневен штрајк донесоа и вработените во железницата и пристаништата, а во целост се откажани железничките и поморските линии помеѓу островите и на копното.
Во Атина не сообраќаат ни автобусите, ни тролејбусите.
Штрајкуваат и новинарите, поради што нема да бидат емитувани вести на телевизиите, ниту ќе бидат печатени билтените, а утре нема да се печатат ниту весници.
Во рамките на програмата за помош на Грција, донесена е одлука за зголемување на данокот и намалување на пензиите за 2019 и 2010 година, што предизвика остри реакции во јавноста.