Hasan Esen
28 Април 2017•Ажурирај: 29 Април 2017
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го осуди синоќешниот напад на некои пратеници во македонскиот Парламент и повика на трезвеност, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг го осуди нападот, земањето заложници и повредувањето на парламентарците. Тој истакна дека на насилството не му е место во ниту еден парламент.
Генералниот секретар на НАТО ги повика сите политички актери на умереност и почитување на демократскиот процес.
„Политичкиот дијалог е единствениот разумен и соодветен начин за доброто на сите граѓани во земјата“, изјави Столтенберг. Тој потсети дека новиот претседател на парламентот е избран од поголемиот дел од македонските парламентарци.
Според неговите зборови, не треба да се дозволи да се случат слични насилни настани. Столтенберг додаде дека властите се должни да го штитат владеењето на правото и дека се одговорни за безбедноста на парламентот и на парламентарците.
Нередите во парламентот избија откако новото парламентарно мнозинство го избра Талат Џафери за претседател на Собранието, и покрај противењето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Да потсетиме, поддржувачите на движењето „За заедничка Македонија“ упаднаа во просториите на Парламентот на Македонија откако пратениците на парламентарното мнозинство самоиницијативно го избраа пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, за претседател на Парламентот.