Andjelija Stojkovic
16 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во септември ќе престојува во официјална посета на Сараево, на покана на Претседателството на Босна и Херцеговина, потврдено е денес за Anadolu Agency (АА) од Кабинетот на претседателот на Србија.
Од кабинетот не можеа да кажат повеќе во врска со деталите на посетата.
Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ, денес на Твитер напиша дека Вучиќ ќе престојува во официјална посета на Сараево, на 7 и 8 септември.
Вучиќ претходно истакна дека се работи на реализација на посетата и дека таа е важна за остварување на мирот и стабилноста на Балканот.