Балкан

Српската православна црква скапо ја плати цената на непочитувањето на мерките против пандемијата

Непочитувањето на мерките за време на погребната церемонија на Амфилохије се покажува како еден од важните фактори за брзото зголемување на бројките на случаеви со Ковид-19 во земјата, a се вели дека и лидерот на СПЦ, Иринеј, се заразил тука.

Kayhan Gül  | 29.11.2020 - Обновена : 30.11.2020
Српската православна црква скапо ја плати цената на непочитувањето на мерките против пандемијата Foto: Milos Vujovic / AA

САРАЕВО (АА) - КАЈХАН ЃУЛ 

Српската православна црква (СПЦ) загуби свои истакнати имиња како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), при што високо ја плати цената на непочитување на мерките против пандемијата особено за време на погребните церемонии, јавува Агенција Анадолија (АА).

Со смртта на лидерот на оваа црква, Иринеј, СПЦ остана без челник, а тоа што мерките не беа почитувани како што треба за време на погребните церемонии на кои учествуваат илјадници лица, придонесе за ширењето на овој вирус.

Митрополитот на СПЦ во Црна Гора, Амфилохије, почина на 13 октомври поради Ковид-19. Покрај мерките против пандемијата во Црна Гора, илјадници лица учествуваа на неговата погребна церемонија и според ритуалите го бакнуваа безживотното тело на митрополитот, а тоа предизвика реакции.

На погребната церемонија на Амфилохије кој е важна верска фигура за Србите во Црна Гора, учествуваа и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и челникот на СПЦ, патријархот Иринеј.

Непочитувањето на мерките за време на погребната церемонија на Амфилохије се покажува како еден од важните фактори за брзото зголемување на бројките на случаеви со Ковид-19 во земјата, додека се вели дека и лидерот на СПЦ, Иринеј, се заразил тука.

На почетокот на ноември, ПЦР тестот на Иринеј беше позитивен кој потоа беше пренесен на лекување во болница. На 19 ноември се влоши состојбата на Иринеј, а ден потоа беше соопштено дека починал.

- Мерките беа игнорирани и на погребната церемонија во Белград

Смртта на српскиот верски лидер Иринеј поради Ковид-19 предизвика шок во земјата, додека привлече внимание и тоа што во голема мера не беа почитувани мерките против пандемијата за време на церемониите организирани за Иринеј во Белград.

Забележано е дека ниту лицата кои учествуваа на церемонијата, ниту пак црковните службеници не научиле ниту една лекција од погребната церемонија организирана пред извесно време во Црна Гора.

Меѓу другото, епископот Давид кој ја водеше погребната церемонија на Иринеј, исто така беше заразен со Ковид-19, кој потоа беше пренесен во болница.

Покрај Иринеј и Амфилохије, од Ковид-19 починаа и други истакнати црковни имиња како епископот Артемије, епископот Милутин и игуменот Јосифов, додека голем број високи црковни претставници беа заразени со Ковид-19.

СПЦ која остана без лидер поради Ковид-19, ги загуби своите важни имиња и влезе во длабока криза, а покрај состанокот на Советот кој требаше да се одржи напролет но беше одложен поради Ковид-19, сега треба да се одржи и посебен состанок за избор на нов лидер на црквата.

На снимките од погребните церемонии на Иринеј и Аммфилохије, објавени од страна на медиумите, се забележува дека во голема мера не се почитуваат мерките против пандемијатa.

Експертите велат дека во еден период кога владее пандемијата, треба да има соработка помеѓу црквата и здравствениот систем.

Тие нагласија дека го разбираат тоа што луѓето сакаат да учествуваат на погребната церемонија на нивните верски лидери, но не треба да се игнорира здравјето на граѓаните.

Предраг Кон, претставник на Кризниот штаб за борба против Ковид-19 во Србија, истакна дека ваквите погребни церемонии со учество на голем број лица, не се прифатливи, но дека тоа не може да им се забрани на луѓето бидејќи се работи за патријархот Иринеј.

Кон во изјава за српските медиуми нагласи дека откриле дека на погребната церемонија на Иринеј мерките против пандемијата не биле целосно почитувани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.