Bedrudin Brljavac
21 Август 2023•Ажурирај: 22 Август 2023
БУДИМЕШТА (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се состанаа вчера во Будимпешта, главниот град на Унгарија, известува Анадолу.
Вучиќ по средбата, на социјалните мрежи објави дека за Србија е многу битно да одржува најдобри можни односи со Туркије.
„Секогаш е важен и отворен разговорот со Реџеп Таип Ердоган за актуелните билатерални и регионални прашања. За нас е битно да одржуваме најдобри можни односи со Туркије, а оваа средба е уште еден чекор во правец на јакнење на веќе добрата српско-турска соработка на сите полиња кои се од заемен интерес. Разговаравме за важноста на сочувувањето на мирот и стабилноста во регионот, каде сметаме на конструктивниот ангажман на Туркије, како еден од највлијателните меѓународни фактори во овој дел од светот“, наведе Вучиќ на својот профил на Инстаграм.

Вучиќ ја имаше средбата со Ердоган на маргините на прославата од Денот на државноста на Унгарија.
Билатералните врски меѓу Туркије и Србија напредуваат во позитивна насока, а стопанските и економските односи се развиваат во силен замав. Советот за соработка на високо ниво на Туркије и Србија е основан во 2017 година.