Aleksandar Niciforovic
08 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
НОВИ ПАЗАР
Од утре (петок) почнува да важи одлуката на Ријасетот на Исламската заедница на Србија за начинот на спроведувањето на верскиот живот по укинувањето на вонредната состоба, а со која џамиите во Србија се отвораат за верниците по речиси месец и пол дена, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Се одобрува дневните намази, џума (петочна молитва) и терави намаз во џамиите и месџидите, покрај имамот и муезинот, можат да ги извршуваат и поголем број верници, според капацитетот на џамијата, а почитувајќи ја важечката мерка на Владата на Република Србија за физичка дистанца од 2 метри, при што е пожено според можноста да се користат и капацитетите на дворовите на џамиите", се наведува во соопштението.
Меџлисите на Исламската заедница на Србија должни се според одлката донесена на последна седница, да обезбедат доволна количина на дезинфекциски средства. Задолжително е поставување на дезинфекциските бариери на влезот во џамиите како и средство за дезинфекција на рацете.
За повозрасните верници со хронични болести препорачано е молитвите да ги извршуват во своите домови. Од друга страна, на верниците кои доаѓаат о џамија, им се советува и понатаму да бидат максимално внимателни и да ги преземаат сите мерки со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Во претходните месец и пол џамиите во Србија беа затворени поради пандемијата на коронавирусот.