Andjelija Stojkovic
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
БЕЛГРАД
Во последните 24 часа од Ковид-19 во Србија починаа 12 лица, а брјот на новоткриените случаи е 279 од 6.915 тестирани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ на прес-конференција изјави дека моментално 154 лица се на респиратори и дека по тоа прашање денес е најлош ден за Србија од почетокот на епидемијата.
Таа додаде дека 159 лица се хоспитализирани во последните 24 часа поради Ковид-19.
Моментално се активни 4.294 случаи.
Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата е 405, процентот на смртноста е 2,17 отсто.
Од почетокот на епидемијата се регистрирани 18.639 лица, а тестирани се 498.343 лица.
Директорот на Инфективната клиника на Клиничкиот центар на Србија, Горан Стевановиќ изјави дека најголем број на хоспитализирани се од Белград и дека просечното време на хоспитализација е подолго од две недели.
Тој изјави дека како што работите изгледаат ќе бидат потребни уште места во болниците.
Лекарите ја повторија важноста за носење на заштитни маски.
Премиерката Брнабиќ ги повика луѓето да не се собираат и додаде дека ќе разгледаат носењето маски да биде задолжително за цела Србија, како и дека се разгледуваат рестриктивните мерки, но дека Кризниот штаб се обидува да се бори против коронавирусот со колективна свест како покомплексен процес.
Таа истакна дека Србија има во резерва повеќе од 180.000 PCR тестови и дека држвата е подготвена, но дека тоа нема да помогне доколку не постои индивидуална одговорност.
Брнабиќ додаде дека ваквата ситуација за време на летниот период во Европа никој не ја очекувал и дека вирусот е изненадување.