Aldijana Hadzic
07 Јули 2021•Ажурирај: 08 Јули 2021
БЕЛГРАД
Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 103 нови случаи на коронавирусот, а од последици на Ковид-19 починаа две лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Најновите официјални податоци покажуваат дека во последните 24 часа тестирани се 8.520 лица, а вирусот е потврден кај 103. Во истиот период евидентирани се два смртни случаи.
Хоспитализирани се 280 лица, а десет се наоѓаат на респиратори.
Досега во Србија за присуство на Ковид-19 се тестирани 4.468.634 лица, а вирусот е потврден кај вкупно 717.196. Од последици предизвикани од вирусот починати се 7.063 лица. Процентот на смртност е 0,98 отсто.