БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 1.780 лица во Бразил, 269 во Мексико, 462 во Аргентина, 553 во Колумбија, 112 во Перу, 39 во Чиле, 28 во Боливија, 106 во Парагвај, 50 во Гватемала и на 25 лица во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 1.780 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 526.892.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 62.504, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 18.855.015.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 17.262.646 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 269 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 7.989 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 233.958 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.549.862. Досега во оваа земја оздравеа 2.023.270 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 462 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 96.983. Во истиот период детектирани се 21.590 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.574.340.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.192.546 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на 8. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 553 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 110.019.
Во последното деноноќие детектирани се 26.721 лице позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.402.582. Во оваа земја досега оздравеа 4.192.546 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 9. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 112 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.415 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.069.051, од кои животот го загубија 193.588 лица, а оздравеа над 2.030.251 лице кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на 5. место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а на 18. место според бројката на лица позитивни на коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 39 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 33.288.
Во истиот период регистрирани се нови 1.885 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.574.465, а оздравеа вкупно 1.520.879 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 28 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а дека бројката на новозаразени изнесува 1.851.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 448.213, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 17.013. Досега оздравеа 372.138 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 106 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 1.483 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 431.367, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 13.553.
Досега оздравеа 384.284 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 50 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 9.548 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 2.785 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 305.319.
Досега во оваа земја оздравеа 271.562 лица што биле заразени со коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 25 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи достигна 5.735.
Во истиот период детектирани се 753 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 374.019 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 358.305 лица заразени со Ковид-19.