Bojana Stojanovic
17 Јануари 2021•Ажурирај: 18 Јануари 2021
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија од последиците предизвикани од коронавирусот во изминатите 24 часа починаа 20 лица, а регистрирани се 1.317 новозаразени, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во болниците низ земјата има 5.304 пациенти позитивни на Ковид-19, од кои 199 се на респиратори.
Од вчера на Ковид-19 тестирани се 7.730 лица, од кои 1.317 се позитивни на вирусот.
Во истиот период починале 20 лица, со што бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 3.750. Процентот на смртност е 1,01 отсто.
Во Србија досега регистрирани се вкупно 372.533 случаи на коронавирусот.
Досега тестирани се 2.476.551 жител.