Bojana Stojanovic
29 Октомври 2020•Ажурирано: 30 Октомври 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија 6 лица починаа од последици предизвикани од коронавирусот во претходните 24 часа, додека регистрирани се уште 1.384 заразени. До денеска хоспитализирани се 1.012 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Од почетокот на епидемијата во земјата регистрирани се вкупно 43.592 случаи на вирусот.
Од вчера тестирани се 9.457 лица, од кои 1.384 се позитивни на коронавирусот.
Во истиот период починаа 6 лица, со што бројот на смртни случаи досега достигна 809 лица. Процентот на смртност е 1,86 отсто.
На респиратори се 44 пациенти.
Досега тестирани се 1.318.096 граѓани.