Zlatan Kapiç
18 Јули 2019•Ажурирај: 19 Јули 2019
БЕЛГРАД (AA) - Мал авион од типот „Злин 526 F“ со пилот падна денес во близина на аеродромот „Ечка“ кај Зрењанин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пренесоа медиумите во Србија, авионот паднал за време на акробатски лет, а инспекторите на Центарот за истражување несреќи во сообраќајот тргнаа кон местото на несреќата за да извршат увид во случајот.
Авионот падна околу 8:30 часот во близина на аеродромот „Ечка“, забивајќи се со предниот дел во земјата.