Andelija Stojkovic
10 Март 2020•Ажурирај: 11 Март 2020
БЕЛГРАД (АА) - Владата на Србија привремено забрани влез на странски државјани кои доаѓаат од Италија, Јужна Кореја, Иран и делови од Кина и Швајцарија поради коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Воведена е и препорака за строго почитување на забраната за патување на вработените во здравствениот систем и социјалната заштита во земјите со интензивна трансмисија на Ковид-19, како и во жариштата на епидемијата.
„Нема место за паника и загриженост, бидејќи Србија од почетокот реагираше одговорно и ја зајакна контролата на граничните премини, особено на аеродромите“, се наведува во соопштението на Владата.
Во соопштението се повикуваат граѓаните да ги следат исклучиво советите на стручњаците.