Bojana Stojanovic
11 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
БЕЛГРАД (АА) - Пилотот-мајор Роберт Калоци загина денес при падот на школскиот борбен авион „Supergaleb G-4“ кај Ковачица, додека другиот пилот Александар Матиќ е надвор од животна опасност и е пренесен на Военомедицинската академија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, изјави дека во Белград е покрената истрага и дека за нејзиниот резултат јавноста ќе биде брзо известена, велејќи дека станува збор за голема трагедија.
„Војската на Србија, како и целиот народ на Србија се со семејството Калоци“, изјави Вулин за новинарите пред Военомедицинската академија.
Мајорот Калоци ја извршувал должноста на истражен пилот во Центарот за летни испитувања во Техничко-истражниот центар, бил во брак и имал син, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
Школскиот борбен авион „Super galeb G-4“ на Војската на Србија се урнал денес во регионот на општината Ковачица околу 09.50 часот.
Телеграми на сочувство на семејството на настраданиот пилот упатија министерот за одбрана Александар Вулин и началникот на Генералштабот на Војската на Србија, генералот Љубиша Диковиќ.