Dejan Maksimovic
27 Април 2023•Ажурирај: 27 Април 2023
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград се сретна со министерот за труд и социјална заштита на населението на Република Азербејџан, Сахил Бабаев, и им се заблагодари за приврзаноста на азербејџанските пријатели на меѓународното право, покажано за време на гласањето во Советот на Европа, пренесува Анадолу.
„Србија го смета таквиот чин за израз на искрено пријателство“, рече Вучиќ и упати срдечни поздрави до азербејџанскиот претседател Илхан Алиев.
Вучиќ исто така им посака добра работа на членовите на Меѓувладиниот комитет за економска соработка и трговија, со кој копретседаваат министрите Бабаев и Никола Селаковиќ, и додаде дека се надева на уште подобри резултати во зајакнувањето на соработката во сите области, особено во енергетиката, земјоделството и туризмот, како и во одбранбената индустрија, соопшти Кабинетот на српскиот претседател.
Бабаев изрази очекување дека и оваа година ќе биде успешна за билатералните односи меѓу Србија и Азербејџан, имајќи предвид дека српско-азербејџанското стратешко партнерство бележи силен пораст. Бабаев рече дека азербејџанската делегација дошла во голем број и дека очекува добри резултати од работата на Меѓувладиниот комитет и Бизнис-форумот, со цел да продолжи добрата динамика на развојот на соработката, имајќи предвид дека размената е зголемена за 18 отсто.
Двајцата соговорници изразија очекување до крајот на годината да се воспостави директна авионска линија Белград - Баку.