Bojana Stojanovic
21 Мај 2020•Ажурирано: 22 Мај 2020
БЕЛГРАД
Во Србија ќе може да се влезе без тест на коронавирусот (Ковид-19), одлучено е денеска на седница на Владата на Србија, а по препорака на Кризниот штаб за заштита на здравјето на населението од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што е соопштено по седницата на Владата, усвоен е предлогот за отворање на граничните премини и слободно влегување на сите лица во Србија, без неопходниот тест на коронавирусот и дозвола на комисијата.
Тестирањето на лично барање ќе чини 6.000 динари (околу 50 евра) на територијата на целата земја, додека за студентите и малолетните лица тестирањето и понатаму ќе биде бесплатно.
Исто така, Владата донесе одлука и за еднократна финансиска помош на различни здруженија во Црна Гора кои се занимаваат со унапредување на стопанската, културната и политичката соработка на Црна Гора со Србија и Република Српска. Вкупната вредност на оваа помош ќе изнесува повеќе од 1,64 милион евра.
Инаку, претходно, Кризниот штаб препорача за влез во Србија да не биде потребен ниту негативен тест ниту посебна дозвола, како за домашните, така и за странските државјани.
На сите лица кои влегуваат на територијата на Србија ќе им бидат врачени здравствени предупредувања во кои се наведува дека влегуваат на територија на која вирусот уште циркулира, како и упатства за начинот на превенција од инфекција.