Zlatan Kapic
08 Декември 2022•Ажурирај: 08 Декември 2022
БЕЛГРАД (АА) - Со состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Големото народно собрание на Република Туркије, Мустафа Шентоп, денеска ја започна својата еднодневна официјална посета на Србија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На средбата меѓу Шентоп и Вучиќ, заедно со членовите на делегацијата, присуствуваше и амбасадорот на Туркије во Србија, Хами Аксој.
Претседателот на турскиот Парламент ќе се обрати на заседавањето на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка, каде што од претседателот на Народното собрание на Република Србија, Владимир Орлиќ, ќе го преземе претседавањето со оваа организација во име на Туркије.
Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC) е основана на 25 јуни 1992 година во Истанбул. Државите основачи се Азербејџан, Албанија, Бугарија, Грузија, Грција, Ерменија, Молдавија, Романија, Русија, Туркије и Украина. По дополнителното пристапување на Србија и Северна Македонија, Организацијата сега брои 13 членки.