Zlatan Kapic
08 Декември 2022•Ажурирај: 08 Декември 2022
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Република Туркије, Мустафа Шентоп, денеска во Белград се сретна со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шентоп, кој предводи делегација на турскиот Парламент во посета на Белград, претходно денеска се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а на сосотанокот присуствуваше и турскиот амбасадор во Србија, Хами Аксој.
Претседателот на турскиот Парламент ќе се обрати на заседавањето на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка, каде што од претседателот на Народното собрание на Република Србија, Владимир Орлиќ, ќе го преземе претседавањето со оваа организација во име на Туркије.
Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC) е основана на 25 јуни 1992 година во Истанбул. Државите основачи се Азербејџан, Албанија, Бугарија, Грузија, Грција, Ерменија, Молдавија, Романија, Русија, Туркије и Украина. По дополнителното пристапување на Србија и Северна Македонија, Организацијата сега брои 13 членки.