Admir Fazlagic
25 Март 2017•Ажурирај: 26 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) - Со исклучување на осветлувањето на одредени локации во центарот на главниот македонски град Скопје, Македонија по осми пат годинава се вклучи во одбележувањето на големата светска еколошка акција „Час на планетата Земја“, јавува Anadolu Agency (AA).
Осветлувањето беше исклучено во 20:30 часот по локално време во период од еден час кога во мрак истовремено беа над 178 земји и 7.000 градови во светот.
Во централното градско подрачје, со поддршка од Град Скопје, во мрак беа бидат Плоштадот Македонија со спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина, Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, Мостот „Око“ и Мостот на уметноста, како и други поважни објекти од градското подрачје.
Исто така, освен Скопје, во оваа голбална акција се вклучи и градот Охрид, каде без осветлување од еден час беа црквата Свети Јован Канео и Самуиловите тврдини.
Организаторот на овој настан во Македонија соопшти дека годинава поради актуелната ситуација во државата е одлучено интензитетот на акцијата да биде намален, односно да бидат исклучени само одредени локации во Скопје и Охрид.
Со симболичното исклучување на осветлувањето во траење од еден час, милиони луѓе ширум светот ќе испратат порака за спас на планетата Земја.